-->
-->
Над велешкото езеро Младост во недела прва трка од Ендуро шампионатот за 2020
-->
Во организација на Мото клубот „Мото-Велес“ во соработка со Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМА) и Општина Велес во недела на 21 јуни со старт од 11 часот ќе се одржи првата трка од државниот Ендуро шампионат за 2020.
Како што информира за МИА Сашко Ванов од Мото клубот „Мото Велес“, најавени се околу 50 учесници од мото клубовите во земјава, кои ќе се натпреваруваат во класите E1,E2,E3,i Veles Off Road за возачи аматери.
Тој појасни дека за време на трката тие ќе ги спроведуваат препораките на Агенцијата за млади и спорт, но псочува дека сепак се работи за индивидуален спорт каде нема контакти меѓу возачите.
Во недела од 9-10 часот е пријавувањето за трката и техничкиот преглед. Стартот е во 11, а во 16 часот е предвидено да биде прогласувањето на победниците во сите класи и категории.
Како што информира Ванов, ќе се возат четири круга по 25 километри со еден ендуро тест во секој круг каде ќе се мери времето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
