Над две илјади лица евакуирани во Канада поради поплавите

Поплавите во 171 населено место во Квебек, од кои во десет е прогласена вонредна состојба, доведоа до евакуација на две илјади лица.
Евакуираните лица се сместени во привремени престојувалишта, соопшти службата за цивилна заштита.
По поројните дождови, реката Сен Лорен и уште неколку реки се излеаја од коритата во источниот дел на Квебек и поплавија над три илјади куќи и згради. По кулминацијата во понеделникот околу главниот град Отава, во Риго, 70 километри западно од Монтреал, каде стотици домови се поплавени веќе три недели и на островот Монтреал нивото на водите почнало да се стабилизира.
- Веќе сме во фаза на бавно паѓање на нивото, но тоа не значи дека во блиска иднина поплавените терени повторно ќе бидат достапни, изјави премиерот на Квебек Филип Кујар на прес-конференција.
Во Монтреал во неделата беше прогласена 48-часовна вонредна состојба, која беше продолжена за уште пет дена.
Премиерот Џастин Трудо нареди во провинциите Квебек и Онтарио, кои се погодени од поплавите да бидат испратени околу две илјади војници, за да им помогнат на локалните жители. Трудо нагласи дека федералната Влада ќе ги покрие сите трошоци.
Ново на Сител
-

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар за недоличната прослава на титулата
-

Два големи шумски пожари горат во јужна Калифорнија
-

Илон Маск ја загуби тужбата против „ОпенАИ“ и извршниот директор Сем Алтман
-

Македонец шверцувал 850 грама златна плочка во кондура на Богородица | ФОТО
-

Ешбурн, град што го поврзува светот
-

Николоски на „Фејсбук“: Одлична вест за македонските транспортери
-

Приведен дилер од гостиварско за издржување затворска казна, спроведен е во затвор за издржување на казната
-

Руската армија најави тридневни воени вежби за ракување со нуклеарно оружје
