Над 6.000 мигранти поминале низ Македонија за еден ден

Повеќе од 4.000 мигранти во текот на изминатото деноноќие со седум специјални возови биле префрлени од прифатниот камп во Гевгелија до Табановце. Утрово пак кон северната граница се упатиле уште два воза со околу 1.000 мигранти, информираат од Железничката станица во Гевгелија.
Според проценките на УНХЦР и невладините организации кои се вклучени во справувањето со бегалската криза, бројот на мигранти кои што вчера транзитирале низ нашава земја е многу поголем, односно повеќе од 6.000 мигранти се префрлиле од јужната кон северната граница затоа што вчера активни во превозот на мигрантите беа уште автобусите и такси возилата.
Утрово автобусите и такси возилата сообраќаат помалку од причина што денеска напливот на мигранти кои во земјава доаѓаат преку Грција засега е многу послаб. Во секој случај тие се паркирани кај мостот на Сува река и околните улици и се подготвени во секој момент, доколку се укаже потреба, да се вклучат во превозот на мигрантите.
Ново на Сител
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
-

Нема кој да казнува за непочитување на Законот за употреба на македонскиот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Измените на Изборниот законик остануваат блокирани во Собранието
-

Ново судење за Пулс - се читаат пораки од телефонот на газдата на дискотеката, Деко
-

Грант од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје-Блаце
-

Неопходна е поголема државна поддршка за спас на земјоделството од климатските промени
