Свет
9. November 2016 - 11:22

Над 40 лица ранети при превртување на трамвај во јужен Лондон

Над 40 лица се ранети, откако трамвај денеска се преврте во јужниот регион на Лондон, Кројден, соопштија полицијата и пожарникарите. 

Лондонската полиција информира дека нејзини припадници реагирале на „сериозен инцидент“, откако трамвајот се превртел на станицата Сандиландс во Кројден.