Над 340 украински дронови насочени кон Москва во изминатите 24 часа, интензивни руски напади врз Киев

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека во изминатите 24 часа кон подрачјето на руската престолнина биле насочени 340 украински беспилотни летала, од кои најголемиот дел биле соборени од противвоздушната одбрана далеку од градот.
„Повеќето беа неутрализирани од силите за противвоздушна одбрана на периферијата. Над 50 непријателски дронови беа уништени пред да стигнат до Москва“, напиша Собјанин на „Телеграм“.
Истовремено Украина ги засилила нападите врз руска инфраструктура, особено врз објекти поврзани со нафтената индустрија.
Украинските вооружени сили синоќа соопштија дека извеле напади со дронови врз петрохемискиот комплекс „Салават“ во регионот на Урал и рафинеријата „Афипски“ во јужна Русија. Нападите врз нафтената инфраструктура, според украинската страна, придонеле за недостиг на бензин во Русија.
Во исто време руските сили ги интензивирале нападите со дронови и ракети врз Киев. Русија синоќа извршила нов бран напади со беспилотни летала и балистички ракети врз украинската престолнина, петти таков напад овој месец.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека биле оштетени 16 објекти во Киев, меѓу кои училиште и деловна зграда, додека градските власти соопштија дека избувнале неколку пожари во различни делови на градот.
МИА
Ново на Сител
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
-

СДСМ бара одговорност за водата во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Филипче со години молчеше за небезбедна вода
-

Нови обвинувања за францускиот предлог
-

Готов е извештајот за 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез
