Над 30 уапсени во полициска акција во неколку косовски општини
Косовската полиција, по налог на Специјалното обвинителство, денеска во неколку општини уапси 31 лице во акција во рамки на антикорупциската операција „Субвенции 2021“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во соопштението на Обвинителството се наведува дека денешната акција, која е продолжение на операцијата започната кон средината на годинава, е спроведена во општините Пеќ, Истог, Урошевац, Липљан, Приштина, Клокот, Вучитрн и Подујево.
Според Обвинителството, 12 од уапсените се официјални лица со различни позиции во општините и подрачните единици на Агенцијата за развој на земјоделството и на Агенцијата за приватизација.
Останатите 19 лица се интервјуирани во својство на корисници на субвенции. Тие се од различни општини во Косово и се сомничат дека извршиле измами со субвенциите.
Приведените, се вели во соопштението, се сомничат за кривичните дела „земање поткуп“, „злоупотреба на службената должност и авторитет“, „давање поткуп“, „измами со субвенции“ и „фалсификување документи“.
Обвинителството најави дека во законски предвидените рокови ќе поднесе барање за одредување на мерката притвор за лицата кои се уапсени во денешната акција.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите