Свет
7. November 2016 - 9:00

Над 30 летови откажани во Москва поради невреме

Повеќе од 30 летови беа откажани и над 40 доцнат во Москва поради неповолните временски услови, јави ТАСС.

Претходно, руското Министерство за вонредни ситуации издаде предупредување за силна виулица и лапавица во главниот град и околината.

На одредени места на патиштата се формирала голомразица, видливоста е намалена, а брзината на ветерот достигнува над 50 километри на час.

Министерството за вонредни ситуации предупреди за можни прекини во снабдувањето со електрична енергија, паѓање на дрва и оштетување на билборди, што може да доведе до застој на сообраќајот.