Свет
17. November 2015 - 12:15

Над 146 илјади бегалци од Авганистан заминале за Европа оваа година

Најмалку 146 илјади жители на Авганистан ја напуштила оваа година родната земја и се упатила кон Европа, изјави денеска авганистанскиот министер за надворешни рабти Салахудин Рабани, јави ТАСС.

Според него масовното излевање на авганистанските жители во Европа се должи на ситуацијата во сферата на безбедноста и недостигот на работни места.

- Повеќето бегалци се насочуваат кон Германија, но само 43 проценти од мигрантите добиваат можност да останат, додека другите се одбиени, рече Рабани.

По судирите за безбедност и поради внатрешните проблеми околу приливот на бегалци од Азија, Африка и Блискиот Исток западните земји воведоа построги правила за мигрантите.