Свет
7. May 2017 - 21:53

Над 10 милиони Французи гласаа за Марин Ле Пен

Француските гласачи никогаш не гласале во толкав број за еден кандидат на екстремно десничарскиот Национален фронт, како на денешниот втор круг од претседателските избори, јави дописникот на МИА од Париз.

Според проценките на институтите за испитување на јавното мислење, на денешните избори претседателската кандидатка на Националниот фронт, Марин Ле Пен освоила околу 10,6 милиони гласови.

Ле Пен меѓутоа од своја страна во првата изјава за јавноста кусо по 20 часот објави дека освоила 11 милиони гласови.

Според проценките на институтите, на денешните избори Ле Пен освоила 34,5 отстоо од гласовите, со што далеку заостна зад нејзиниот противкандидат Емануел Mакрон, кој добил околу 65,5 проценти.

Но, и покрај овој убедлив пораз, екстремната десничарска партија освои рекорден број гласови, со што го „урна“ претходниот рекорд на освени гласови остварен на првиот круг од овие претседателски избори одржан на 23 април.