Националниот парк „Маврово“ со дронови ќе се штити од шумски пожари

Вработените од ЈУНП „Маврово“ поминаа низ обука за користење на современа технологија за спречување и ефикасно делување при појава на шумски пожари. На територијата на националниот парк ќе се користат системи со интегрирани мрежи на сензори и мобилни технологии (дронови) за собирање и анализа за откривање на пожари во областите од висок степен на важност.
– Предавачите презентираа софтверско решение на системот за рана детекција на пожари, неговите оперативни функции и како вработените од паркот да пристапат до него и да ги преземат релевантните информации. Вработените беа запознаени со типовите и карактеристиките на безпилотните летала (дронови) и нивната примена во секојдневниот живот како и примената на истите во работата во Националниот парк, информираат од НП Маврово.
Во НП „Маврово“ за оваа намена поставени се три предаватели со по пет сензори за рана детекција на пожари, професионален дрон и дополнителна софтверска опрема.
– Преку примената на овој систем, што засега е предвиден на само еден дел од паркот, ќе се извлечат значајни заклучоци за примената на современата технологија со борбата со шумските пожари. Успешноста на овој проект ќе придонесе инсталирање на исти или слични технологии на територијата на целиот парк, наведуваат од НП „Маврово“.
Обуката и опремувањето се дел од проектот „Напредни системи за превенција и рано откривање на шумски пожари“ што е финансиран во рамките на повикот за Програмата за цивилна заштита 2016.
Освен НП „Маврово“ краен корисник на овој проект е и Националниот парк Пелистер.
Ново на Сител
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
-

Родители бараат регионални стоматолошки центри за деца со попреченост
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
