Национална конференција „Проценка на напредокот на јавните политики кон ромската заедница“
Националната конференција насловена „Проценка на напредокот на РСМ во спроведување на јавните политики кон ромската заедница“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.
На отворањето на конференцијата, како што е најавено, ќе се обратат извршниот директор на Институтот за истражување и анализа на политики, Суад Скендери, Никола Бертолини од делегацијата на Европската Унија, Неда Коруновска, програмска менаџерка ОСФ – РИО…
Главна цел на националната конференција, како што се посочува, е да поттикне дебата меѓу различните општествени чинители и да даде конструктивен критички осврт за спроведувањето на јавните политики за Роми во Република Северна Македонија.
Националната конференција ќе биде поделена на три панел-дискусии со следните теми „Спроведување на Националната стратегија за Роми“, „Соодветна и правична застапеност на помалку бројните заедници во Република Северна Македонија, со посебен фокус кон ромската заедница“ и „Интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ и положбата на Ромите во патот на државата кон ЕУ“.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите