Национална федерација на фармери бара 16 денари за „смедеревка“ и 17 за „вранец“

Минимална заштитна цена за грозјето рамна на производствената, која изнесува 16 денари за килограм “смедеревка” и 17 за “вранец”. Ова е само едно од барањата на лозарите кои синоќа остварија средба во Неготино, во организација на Националната Федерација на фармери на Македонија.
Тие побараа од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство функционирање на договорно производство согласно Законот за земјоделство и рурален развој и гаранција на наплата (банкарска гаранција од откупувачите). Во Програмата за финансиска подршка на руралниот развој да влезат заштитние мрежи, антифрос системи, инсталирање на вентилатори, заштитни фолии, како мерки за заштита и адаптација на овој сектор и целиот земјоделски сектор на новите климатски промени.
Меѓу барањата истакнати на средбата се и враќање на противградобијните ракети, да се поддржат автохтони сорти кои можат да бидат конкурентни, да се зајакне контролата од страна на надлежните институции за издавање на лиценци за лиценцирани откупувачи. Да се создадат правила и услови преку правна регулатива, за продажба од куќен праг на преработки од грозје.
На средбата со производители на грозје и вино се дискутираше за состојбите во лозарството и почетокот на откупната сезона. На средбата присуствуваа околу 50 производители на грозје од тиквешкиот, гевгелиско-валандовскиот, струмичкиот и штипскиот регион.
Како што истакна претседателката на НФФ, Васка Мојсовска лозарството е основна дејност на огромен број луѓе од тиквешкиот регион, а Македонија е земја на виното и грозјето.
- Сепак откупната цена на двете најзастапени сорти во Република Македонија “смедеревка” и “вранец” не е помрдната во изминатите 10 години, иако трошоците на производството се зголемени дури и за повеќе од 50 проценти, рече Мојсовска.
Според анализата на НФФ од прозиводителите на терен се покажало дека цената на „смедеревката“ е 16, а на „вранецот“ 17 денари, додека откупната на „смедеревката“ била од 10 до 11 денари, а на вранецот е од 12 до 13 денари.
- Да се обединиме и да бараме начини за алтернативни пазари. Градот го уништи грозјето, дајте да ги вратиме противградобијните ракети за да се бориме со климатски промени, осигурувањето е проблем, бидејќи не функционира системот па или им даваат милост или агенциите им даваат колку да преживеаат. Да се бориме за нашите права, кванташките пазари не функционираат, рекоа дел од присутните лозари на средбата.
Ново на Сител
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
