-->
-->
Начевски: Најмалку што посакував е да го одлучам финалето
-->

Написот на Хандбал Планет кој ги прогласи македонските судии Начевски и Николов за најдобри во финалето на ЕП првенство во Ракомет , предизвика големо внимание во јавноста. Денеска Хандбал Планет објави и интервју со Ѓорѓи Начевски во кое македонскиот судија ги објасни своите најважни одлуки на дуелот Шпанија – Хрватска.
Репрезентацијата на Шпанија ја одбрани европската титула откако во финалето беше подобра од одличната селекција на Хрватска. Еден од решавачките моменти на мечот беше одлуката на Ѓорѓи Начевски да му ја одземе топката на хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ по што Шпанците обезбедија напад за потврда на победата и златниот медал.
Интересно е што Славе Николов колегата на Ѓорѓи Начевски не видел најдобро што се случило па прашал што е досудено на што неговиот колега возвратил: Не грижи се сигурен сум дека беа чекори:
„ Нормално е дека е тешко да се донесе таква одлука бидејќи не сакав да го одлучам финалниот натпревар во последната минута. Најважно е што бев 100 % сигурен дека играчот направи најмалку 6 чекори. Се разбира одлуката требаше да се донесе во делови од секундата“- изјави Начевски кој меѓу другото во интервјуто за Хандбал Планет истакна дека ова финале било навистина тешко да се суди на високо ниво и непристрасно бидејќи во Хрватскиот тим настапиле многу играчи од Вардар и нивни добри пријатели.
И додека хрватските репрезентативци мирно ја прифатија оваа одлука селекторот на Каубоите Лино Червар беше разочаран од одлуката и одземената топка која им ја ускрати можноста да го израмнат резултатот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испит
-

Артилериска граната пронајдена кај битолското село Меџитлија
-

Трамп: САД и Иран постигнаа договор вчера, Техеран го прекрши со нов напад
-

Сиљановска Давкова: Галичка свадба привлекува сѐ повеќе посетители од земјата и од странство, останувајќи еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
