Началникот на ГШ на Чешка Бечвар во посета на Македонија

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Чешката Република, генерал Јозеф Бечвар, од денеска престојува во дводневна посета на Република Македонија.
Делегацијата на Вооружените сили на Чешка ќе биде пречекана со високи воени почести од началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски.
Главни теми на официјалната средба ќе бидат трансформацијата и структурата на АРМ, учество на АРМ во операции за поддршка на мирот, безбедносната ситуација во регионот со осврт на мигрантската криза, тековната состојба како и унапредување на билатералната соработка.
Во рамки на посетата генералот Јозеф Бечвар ќе биде примен и од претседателот и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, а делегацијата ќе ги посети армискиот полигон Криволак и караулата Богородица на јужната граница, каде ќе се одржи заеднички брифинг со припадници на безбедносните сили на Чешка ангажирани во справувањето со бегалската криза, соопшти ГШ на АРМ.
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
