Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР почнаа со работа, имаа средба со ДИК

Набљудувачкиот тим на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, кој во земјава пристигна на 19 јуни, од денеска е подготвен за работа и членовите веќе има средба со Државната изборна комисија, на која беа информирани за текот на изборниот процес.
ОБСЕ/ОДИХР на покана на македонската Влада испрати специјална мисија за следење на предвремените парламентарни избори, закажани за 15 јули.
Мисијата се состои од седум експерти, кои ќе бидат сместени во Скопје и од главниот град ќе го следат целокупниот изборен процес. Во рамки на тимот се ангажирано шеф на мисијата, негов заменик, политички и изборен аналитичар, како и аналитичар за регистрација на гласачи, правен и медиумски советник. Мисијата ќе биде во траење од три недели.
Портпаролката на ОБСЕ/ОДИХР, Катја Андруш во изјава минатата недела истакна дека ОДИХР распоредува Специјална изборна оценувачката мисија во Северна Македонија за предвремените парламентарни избори.
-Мисијата внимателно ќе оценува колку изборите се одржуваат согласно заложбите на ОБСЕ и останатите меѓународни стандари за демократски избори, како и согласно националното законодавство, нагласи Андруш за МИА.
Пред избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) најави 250 краткорочни набљудувачи на денот на изборите, но и претставници на парламентарните собранија на ОБСЕ и Советот на Европа, како и свои долгорочни набљудувачи. Андруш вели дека биле принудени да ја суспендираат оваа набљудувачка мисија за предвремените избори во Северна Македонија поради ограничувањата на патувањата, но и поради грижата за здравјето, кои се појавија како последица на коронавирусот.
– Здравјето на нашите колеги е секогаш приоритет. Безбедносните аспекти, како и продолжените рестрикции во меѓународните патувања и ограничувањата за влез во земјите во кои се одржуваат избори создаваат предизвици за сите наши активности поврзани со изборите и пред се за воспоставување на долгорочни и краткророчни набљудувачи, кои се испраќаат директно од земјите-членки на ОБСЕ, истакна Андруш.
Таа во изјавата за МИА потенцира дека како и секогаш набљудувачите на ОБСЕ тесно ќе соработуваат со властите во земјава за време на изборниот процес.
Ново на Сител
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
