-->
-->
Набавка на нов биохемиски анализатор во Кривопаланечкиот здравствен дом
-->
Во лабораторијата на здравствениот дом „Димитар Арсов“ во Крива Паланка ќе биде набавен нов биохемиски анализатор за што веќе е завршен тендерот кој го спроведе Министерството за здравство, информира Јоско Стефановски, вршител на должноста директор на здрвствениот дом.
Тој посочи дека со набавката на современ апарат ќе се подобри функционалноста на лабораторијата за биохемиски анализи.
- Подолг времески период во домот се среќаваме со проблеми во експедитивноста на работење на лабораториските служби поради што во консултација со одговорните од ресорното министерство ни беше одобрена набавка на современ апарат кој има поголем капацитет за работа и ќе биде многу поефикасен и побрз. Со тоа ќе се избегнат проблемите со создавање редици за анализи на крвта, изјави Стефановски.
Нагласи дека тендерот во Министерството е завршен, а апаратот се очекува да биде инсталиран во догледно време. Додаде дека ќе се врши и обука на вработените за инсталација и ракување со био-хемискиот анализатор кој ќе ги подобри здравствените услуги кои им се пружаат на граѓаните од општините Крива Паланка и Ранковце.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип