-->
-->
На Загреб му се заканува епидемија од сипаници
-->
Се претпоставува дека во Загреб моментно има повеќе непријавени случаи на заболени од сипаници, пишува весникот „Јутарњи лист“, наведувајќи дека на хрватскиот главен град му се заканува епидемија.
За само две недели дури седум граѓани на Загреб заболеле од сипаници. Имајќи предвид дека станува збор за високозаразен вирус, ширењето на болеста не би била невообичаена. меѓутоа, експертите посебно ги загрижува фактот дека седуммината заразени не се познаваат, не биле во меѓусебен контакт и засега не е утврдена никаква врска меѓу нив.
Весникот истакнува дека сите пациенти се заразиле во многу краток рок, поради што лекарите очекуваат нови случаи.
Исто така, не може со сигурност да се каже дали заразените се вакцинирани или не.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата