На ТВ Водител му пукна филмот: Смачено ми е од Кардашијанови
Ако сте заситени од семејството Кардаџијан, кое едноставно доминира не само на социјалните мрежи, туку и на медиумите - не сте единствени.
Имено. Џон Браун, водител на утринската програма на една локална телевизија на Флорида, му „пукна филмот“ на сред емисијата откако јавноста морал да ја информриа за уште една работа поврзана со семејството Кардашијан.
- Одбивам денес да зборувам за семејството Кардашијан. Те оставам сама. Еми. Не можам, доста ми е од Кардашијанови. Не можам да поднесам уште една вест за нив. Мачно ми е од нив. Не ми е грижа, тоа не е вест. Петок е, сакам да се забавувам, а не да зборувам за нив, се развика Браун, додека колешката се обидува да го смири.
Водителот подоцна се извини за испадот на неговата Фејсбук страница. - Извинете, малку полуев, но малку и се шегував. Но, се чувствувам подобро од кога го направив тоа, напиша Браун.
Секако, видеото на неговиот испад стана хит, а многумина му честитаа на искреноста.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите