На тетовското Кале се снима последниот дел од документарецот „Ти си Алеф“
На тетовското Кале денеска почна да се снима последниот дел на документарниот филм „Ти си Алеф“ на универзитетската професорка Соња Ризоска - Јовановска.
Филмот раскажува за потрагата по смислата на постоењето. Во него неуморниот патник тргнува кон патот на вистината, правдата и светлината и во потрага по духовното обновување и средбата со највозвишеното. Во последениот дел од филмот ќе биде прикажан дервишкиот танц како симболика за испраќање на пораката за единство.
- Една од главните мои цели е претставување на ретките народни танци како еден од симболите кај одредени етникуми од Македонија. Фолклорот кај сите во Македонија е нешто со што сите етникуми се препознаваат што ни покажува кој сме биле и што сме и како да го зачуваме за идните генерации. Го избравме дервишкиот танц како симбол што треба да остане како слика и симболика што е нешто исконско. На тетовското Кале решиваме да го снимиме последниот дел од овој документарен филм, изјави Ризоска.
Приказната за Алеф ја раскажува Игор Џамбазов, кој со Ризоска соработувал уште пред десет години кога бил дел од документарецот „Скопје и се е можно“.
- Јас сум човек што не верува во Господ, но не ги терам и другите да не веруваат и затоа ги замолувам оние што веруваат, да не ме тераат и јас да верувам во Господ. Но, верувам во обединети божества и таков свет дека сите сме луѓе и сме еднакви и оти сме добри ако сакаме, а стануваме лоши кога не треба. Во ова турбулентно време не само во Македонија, туку и на Балканот, ова е вистинска тема на вистинско место и во вистинско време, рече Џамбазов.
Дел од тимот е и Зија Плава, кој е одговорен за продукцискиот дел и снимањето на филмот според одредени филмски стандарди.
- Мислата на професорката е да се најде поблискиот пат да се стигне до Господ и овие дервишки тарикати се дел од тој пат бидејќи самиот збор тарикат е пат. Тука е и Алеф кој е доброто во секоја приказна рече Плава.
Ризоска воедно е и режисер, сценарист и автор на „Ти си Алеф“. Филмскиот проект е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Грант од ЕУ од 5,5 милиони евра за енергетска ефикасност на студентски домови
-
ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола
-
Се уште наизменично движење на автомобили во двата правца кај „Блаце“ и забрана за камиони
-
Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја подготвиме заедно со граѓаните, очекувам поддршка од сите политички партии
-
Предлог притвор за лице осомничено за одземање автомобил и тешка кражба во Скопје
-
Ангелов: Нема опасност за жителите од пожарот над Чучер, да не се шири паника
-
Приведено лице кое пукало кон полицајци во битолско
-
МВР: Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце