-->
-->
На територијата на СВР Штип изречени 70 казни за брзо возење
-->
На територијата на СВР Штип денеска во периодот од 08.00 до 14.00 часот е спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се казнети 70 возачи, соопшти МВР.
Од нив 32 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нема владини мерки против високите цени, се бара долгорочно решение
-
Почна со работа Центарот за обука на административните службеници
-
Државните спортски објекти се управувани од претпријатие кое престанало да постои во 2017, вели ДЗР
-
Бизнисот верува во кандидатурата на Ѓорѓиевски за Скопје – Вреди најавува свој кандидат за главниот град
-
СДСМ: Режимски прогон против нашите градоначалници
-
Граѓански иницијативи се здружуваат во партија за учество на локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Нормално е да растат цените, вели министерот за економија - Мерки нема да има