На „Табановце“ се чека околу 30 минути
На ГП „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МИА
Ново на Сител
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода