На спортските терени на Факултетот за физичка култура при ДУТ студенти се дружеа со деца со аутизам
На спортските терени на Факултетот за физичка култура при Државниот универзитет во Тетово, студентите денеска се дружеа со деца со аутизам од Тетово, Гостивар и Дебар.
Според професорот од ДУТ, Беџет Точи, спортот може да послужи како алатка за унапредуваше на целокупното психофизичко здравје на децата со аутизам, но и да го подобри нивното социјално вклучување во секојдневниот живот, а истовремено овие деца можат да постигнат и врвни спортски резултати.
-Последниве десеттина години организираме вакви настани не само за овој ден, туку постојано и со учениците од основните училишта „Кикиш“ и „Лирија“ каде специјални паралелки. Сметаме дека аутистите се најдискриминирани од сите ранливи категории бидејќи нема никаква помош и со нив општеството се помалку се занимава. Согласно законските прописи ваквите деца треба да одат во училишта заедно со другите ученици но се уште повеќе игнорирани од средината и институциите, изјави Точи.
Претседателот на невладиното здружение „Порака“, Беким Аме изјави дека имаат 22 членови родители на аутистични деца.
- Очекуваме дека вакви активности ќе се организираат и кај нас, рече Аме.
Волонтерите и другите лица вклучени во работата со децата со аутизам, но и друга попреченост очекуваат поголема подршка од државата со стручен кадар како логопеди, дефектолози и стручњаци за физикална терапија.
Ново на Сител
-
Уапсен 34-годишен Македонец, откако учествувал во страшна сообраќајна несреќа во Грција
-
Лавров: Западот никогаш нема да може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија
-
Посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан
-
Приведен 69-годишен возач од Делчево, управувал возило со 2,41 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља
-
Илјадници Бугари протестираа против воведувањето на еврото во земјата
-
Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани по протестите во Белград
-
Земјотрес утрово почувствуван во Валандово и околината