На Шангајската листа не се најде ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 1.000
Ниту еден македонски универзитет не се најде меѓу најдобрите 1.000 високообразовни институции на новото Академското рангирање на универзитетите во светот, познато како Шангајска листа.
Највисоко на Шангајската листа се рангираат универзитетите „Харвард“, „Стенфорд“ и „МИТ“. Од универзитетите во регионот, Универзитетот во Белград се наоѓа од 301-400 место, и е прв на национално ниво. Во меѓувреме, Универзитетот во Нови Сад се најде помеѓу 901-1000 место, односно втор на национално ниво. Исто така, Универзитетот во Загреб се наоѓа од 401-500 место на светско ниво, односно прв на национално ниво во Хрватска.
Од 301-400 место се наоѓа Универзитет во Атина, прв на национално ниво во Грција, по што се следуваат Универзитетот во Солун од 501 до 600 место на Шангајската листа, Универзитетот во Крит од 700 до 800 место, заедно со Универзитетот во Патрас.
Шангајската листа се објавува од јуни 2003 година. Повеќе од 2.500 универзитети се вклучени во Академското рангирање на универзитетите во светот секоја година, а се објавуваат најдобрите 1.000.
Ново на Сител
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
