Спорт плус
3. November 2023 - 14:12

На првиот меч во ММА, Самир Садиков ги развиори двете знамиња, и македонското и албанското

Самир Садиков од велешко Горно Јаболчиште на неговиот прв меч во ММА кој во саботата се одржа во Рим, им одржа лекција на голем број политичари.

Во рингот се поjави во двете знамиња, македонското и албанското, и двете ги развиори и покажа дека е горд и на државата во која е роден и на државата од која води потекло.