На повидок затворање на американските владини агенции - републиканците го одбија законот за привремено финансирање
Тврдокорните републиканци во Претставничкиот дом на САД ноќеска го отфрлија предлог-законот на нивниот лидер за привремено финансирање на владата со што е речиси сигурно дека федералните агенции делумно ќе се затворат, почнувајќи веќе од утре.
Со 232 гласа „против“ и 198 „за“ Претставничкиот дом ја отфрли мерката со која би се продолжило финансирањето на владата за 30 дена и би се спречило затворањето.
Тој законот требаше да ги намали трошоците и да ја ограничи имиграцијата, републикански приоритети што имаа мали шанси да поминат во Сенатот, што е под контрола на демократите.
Поразот ги остави републиканците – кои го контролираат Претставничкиот Дом ( 221-212 мандати) – без јасна стратегија за избегнување на затворањето, што ќе ги затвори националните паркови, ќе ги прекине платите за околу четири милиони вработени во федералните служби и ќе попречи сè- од финансиски надзор до научни истражувања, доколку не се обезбеди продолжено финансирање на владата.
По гласањето, претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти кажа дека Претставничкиот дом сè уште може да го изгласа продолжувањето на финансирањето без конзервативната политика што ги одалечи демократите.
Но, тој одби да каже што ќе се случува понатаму. Домот се очекува и денеска да одржи дополнителни гласања. -Неуспех е само ако се откажете, им изјави Мекарти на новинарите.
Ново на Сител
-
Истрагата за пожарот во кочанската дискотека проширена и со сопственикот на објектот
-
Помалку дипломирани студенти во 2024 година
-
Зеленски предлага трилатерална средба со Трамп и Путин
-
Приведени двајца крадци од Прилеп, со мотоцикл одзеле златно ланче од 76-годишна жена
-
Жртва на „Беланоца-Барон“ убиен за 10.000 евра бидејќи предал обвинети во „Монструм“
-
Скопското обвинителство бара притвор за жител од Батинци поради недозволено држење оружје и муниција
-
„Генерацијата З“ пие сѐ помалку алкохол
-
Трагедија во Струга, бебе старо 2 месеци донесено починато во болница