Живот
12. August 2015 - 9:07

На повидок нова Ејми Вајнхаус

На социјалните мрежи се појави видео на кое осумгодишната Норвежанка, Ангелика Јордан ја изведува композицијата „What A Difference A Day Makes“ на Дајна Вашингтон.

Видеото со голема брзина се прошири низ интернет, а веќе се појавија и оценки дека во Ангелика светот добива нова Ејми Вајнхаус.

Иако има само осум години, Ангелика ги воодушеви не само Норвежаните, туку и речиси сите ширум светот што го погледнале видеото со нејзиниот настап.

Инаку, Ангелика е најмлада победничка на едно шоу за таленти во Норвешка, и многумима уште од сега и предидвуваат блескава иднина во нејзината музчика кариера.