На полноќ завршува пријавувањето на болните и инвалидизирани лица за гласање дома
Во Општинската изборна комисија (ОИК) – Штип денеска до пладне се пријавиле вкупно 15 болни и инвалидизирани лица да гласаат дома, еден ден пред Референдумот 2018.
Претседателката на Општинската изборна комисија – Штип Сенка Андреева вели дека просториите на ОИК вчерва се отворени до полноќ, кога истекува и рокот за пријавување. Таа додаде дека ова не се конечните бројки на пријавени лица, а в понеделник ќе ја знаат и официјалната бројка на болни и инвалидизирани лица кои своето право на глас ќе го искористат на 29 септември.
– Во текот на денот очекуваме да ни пристигне и недоверливиот избирачки материјал, а 48 часа пред Референдумот ќе го добиеме и доверливиот материјал. Завршија и обуките за членовите на избрачките одбори, рече Андреева.
Таа истакна дека во Штип има вкупно 77 избирачки места, кои на денот на Референдумот ќе бидат отворени во 7 часот, а затворени во 19 часот.
(Миа)
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година