На пет локации во Скопје ќе се донира храна за бездомници
На пет локации во Скопје денеска почнува акција за донирање на храна „Нахрани 1000“ по повод 17 октомври - Светскиот ден за борба против сиромаштијата.
Во периодот од 10 до 19 часот ќе бидат поставени штандови на плоштадот Македонија, пред Скопје сити мол кај Плеј кафе, пред Веро во Аеродром, пред Домот на градежници и пред Тинексот во Ѓорче Петров. На штандовите ќе може да се донира храна која ќе биде наменета за бездомниците и за сите загрозени семејства.
Целта на акцијата е да се поттикне солидарноста и да се подигне јавната свест за донирање храна на оние на коишто таа им е најпотребна.
Организатори на настанот се граѓанската иницијатива „Мрдни со прст”, „Црвениот крст на Град Скопје”, организацијата „Ајде Македонија”, Здружението на граѓани за помош на бездомници и загрозени семејства „Љубезност”, Сојузот на извидници и организацијата „АДРА”.
Покрај штандовите, во акцијата ќе биде вклучено и комбе на иницијативата „Мрдни со прст“ кое денеска ќе посети компании во Скопје бидејќи, како што соопштија организаторите, бизнис секторот пројавил интерес за акцијата.
Повеќе информации за иницијативата се достапни на страната https://www.facebook.com/МrdniSoPrst/.
Ново на Сител
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово