На нив им е до славење- во семејството Марјановиќ имаше свадба
Милош Марјановиќ, брат на осомничениот Зоран Марјановиќ, кој се наоѓа во притвор поради сомневање дека ја усмртил својата сопруга Јелена, во петокот се венча со својата девојка Милица.
Како што пишуваат српските медиуми, после венчавката во општината, на која присуствувале само кумовите, сите отишле во домот на Марјановиќ во Борча, каде е приреден ручек за членовите на семејството.
Таткото Владимир, ниту ја демантирал, ниту потврдил оваа информација.
-Адвокатите ми рекоа ништо да не коментирам. Имајте малку разбирање-рекол кратко Валдимир Марјановиќ.
Како што се дознава Милош во петокот се венчал со долгогодишната девојка и рекол дека подоцна ќе извршат и црковна венчавка, кога ситуација малку ќе се смири.
-Тој пред Зорановото апсење ја закажа венчавката како врската со долгогодишната девојка која е бремена, би ја официјализирал. Колку што знам не правеа никаква веселба, едноставно после граѓанската венчавка сите отидоа на ручек во Борча. Немаше ништо посебно и за време на ручекот се обидуваа да ја анимираат ќерката на Зоран, која многу страда по татко и-рекол соговорник кој е упатен во случувањата во семејството Марјановиќ
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска