На македонскиот пазар чоколади за деца без млеко и какао
Чоколадите за деца на македонскиот пазар воопшто не содржат млеко и какао, иако се така декларирани, соопшти денеска универзитетскиот професор Јадранка Дабовиќ.
Пред почетокот на настанот по повод Светскиот ден на заштитата на потрошувачите во Стопанската комора на Македонија, Дабовиќ изјави дека ова го потврдуваат лабораториските анализи.
- Особено загрижува фактот што и покрај заложбите на Агенцијата за храна и ветеринарство, чоколадите наменети за деца на нашиот пазар воопшто не содржат млеко и како, иако се така декларирани. Има лабораториски известувања кои тоа го кажуваат, истакна Дабовиќ.
Според Ката Стојановска од АХВ, годишниот број на претставки од страна на потрошувачите во однос на храната се движи меѓу 300 и 400, но најголем број од претставките се неосновани поради неедуцираноста на купувачите.
Ново на Сител
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром