На крузерот во Јапонија 12 заразени се Американци
Вкупно 12 Американци се заболени од новиот коронавирус во крузерот „Дајмонд принцес“ закотвен во Јапонија, а од вирусот почина првиот Американец, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Дванаесетте Американци се дел од вкупно 63 патници кои се наоѓаат под карантин во крузерот и се заболени од вирусот. Бродот е еден од неколкуте настрадани од епидемијата на смртоносниот коронавирус, со што многу крузери објавија карантин и извршија тестирање и преглед на патниците. Многу пристаништа не дозволуваат влез за овие бродови поради страв од ширење на вирусот.
Во меѓувреме, 60-годишен Американец кој се наоѓал во Вухан, градот од каде пред три недели се прошири епидемијата почина од заболувањето. Тој почиа во четвртокот, а информацијата синоќа ја пренесе кинеската амбасада во Вашингтон.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа испрати сочувство до родиините и пријателите на починатиот државјанин на САД.
Владата, пак, вчера, со три патнички авиони кои полетаа од Кина, од Вухан успешно евакуира околу 800 американски државјани, лица со постојан престој и нивни најблиски, изјави Морган Ортагус, портпарол на Стејт департментот. Сите треба да поминат двонеделен карантин и прегледи од специјалисти на Центарот за контрола и спречување на болести на САД. Исто така и Канада вчера успеа да евакуира 200 канадски државјани од Кина.
Според најновите податоци, вкупниот број на почината од коронавиросот го надмина бројот на починатите од САРС и во моментов е 804. Коронавирус е од истото семејство на смртоносни вируси како САРС (кратенка од „остар акутен респираторен синдром“) од кој во 2003 година во текот на осум месеци беа заразени околу 8 илјади лица, а 774 починаа.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа