На која рака се носат вереничкиот и венчалниот прстен

Бурмите и веренечките прстени се носат на домалиот прстен, а во зависност од верската припадност тие се носат на лева или на десна рака.
Обичајот на носење на венчалниот прстен на лева рака потекнува од грчкото и римското верување дека посебната „вена на љубовта“ тече директно од домалиот прст до срцето, самиот центар на љубовта и страста.
Иако подоцна научно е докажано дека тој прст ништо не е поинаков од другите, остана верувањето за „veni amoris“.
Во христијанската традиција десната страна се смета за „вистинска страна“, па христијаните бурмата ја носат на десната рака. Но, таа се носи на домалиот прст поради „veni amoris“.
И муслиманите бурмата ја носат на десна рака, додека евреите за време на венчавката венчалниот престен го ставаат на десна рака, а потоа го префрлаат на левата.
Веренечкиот прстен датира од 13 век од Рим, кога христијаните ја прифатија традицијата откако папата Инокентиј Трети прогласи задолжителен период на чекање меѓу веридбата и бракот. Тогашните прстени биле многу едноставни, од железо, а подоцна се правени од злато.
Австрискиот надвојвода Максимилијан во историјата е познат како првиот човек која на својата идна сопруга и подарил дијамантски прстен во 1477 година.
Но, дијамантските прстени се прошириле кај „обичните луѓе“ по масовниот маркетинг што во 1930 година го покрена компанијата „Де Берс“.
Во доцните 40-ти години од минатиот век настана мотото „дијамантите се вечни“.
Ново на Сител
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
-

Бесплатен влез на натпреварите на Македонија за најмладите фудбалери
-

Зеленски побара од Трамп да воведе санкции против руски и кинески компании што изготвуваат нова сателитска мрежа
