Македонија
13. јуни 2019 - 18:23

На Клиника почина Гркот кој беше тешко повреден во сообраќајка во Нов Дојран

Рано утрово во 03.30 часот во СВР Скопје, од комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека починал Н.А.(78) од Република Грција, кој бил донесен повреден на 8. овој месец.

Тој ден во 13.20 часот на регионалниот пат, пред влезот во Нов Дојран, Н.А. со своето патничко возило „Опел Астра“ со грчки регистарски ознаки излетал од коловозот, по што бил пренесен во болницата во Гевгелија.