На „Интерфест Битола 2018“ пијано концерт со Валерио Промурозо
Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест Битола 2018“ вечер продолжува со целовечерен концерт кој ќе го изведе италијанскиот пијанист Валерио Промурозо.
Од „Интерфест Битола 2018“ информираат дека Промурозо ќе изведе композиции за пијано од Шопен, Респиги и Скрјабин.
- Фестивалот завршува утревечер со концерт на исклучително квалитетното руско-италијанско дуо, виолинистката од Русија Елена Чверток и Силвија Муроло, пијанист од Италија. На програмата ќе бидат композиции од Тартини, Моцарт и Бетовен, истакна Милица Шперовиќ Рибарски, уметнички директор на фестивалот.
На 27. издание на „Интерфест Битола 2018“ кое секоја година се одржува од 2 до 12 октомври, и редовно во концертната сала на клавирите, годинава настапија уметници од 10 европски држави и САД.
Интернационалниот фестивал накласична музика „Интерфест“ се одржува под покровителство на Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Трамп: Не смееме да го укинеме договорот за нуклеарни ограничувања
-
Маж од радовишко паднал од трактор и бил прегазен, приведен возачот на тракторот
-
Приведени 12 лица, при претрес на возила пронајдена е дрога
-
Две лица под истрага за грубо насилство во скопско Орешани
-
Кина предлага создавање меѓународна организација за вештачка интелигенција
-
Трамп пристигна во Шкотска, најави средби со Стармер и Фон дер Лајен
-
Во Скопје денеска и утре авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци
-
Беровскиот кризен штаб го повика населението доброволно да се вклучи во гаснење на пожарот на планината Готен