На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 348 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 348 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 47 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 8, Кавадарци 41, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 585 и има околу 480 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Ново на Сител
-
Камбоџа, пред СБ на ОН, побара итно примирје во конфликтот со Тајланд
-
Ристовски: Министерството за спорт не е организатор на ЕМОФ 2025, но правиме сѐ што е во наша моќ за да помогнеме
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес
-
Сончево и топло со температура до 43 степени Целзиусови
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово