На ИФФК „Браќа Манаки“-Битола мастер клас со оскаровецот Роџер Дикинс

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ денеска продолжува со мастер клас кој ќе го одржи оскаровецот, британскиот кинематографер Роџер Дикинс.
Годинашниот добитник на златна „Камера 300“ за животно дело средбата со студентите и други учесници на фестивалот ќе ја одржи во малата сала на НУ Центар за култура.
- Отсекогаш сум сакал да фотографирам луѓе или да снимам документарци за нив. Сакам филмови со силни ликови. Сакам да го снимам човековото лице. Тоа е поинтересно од било што друго, и тоа е она што ќе продоложам да работам, вели Дикинс, кинематографер со најмногу Оскар номинации, рекордер во светски рамки.
Од ИФФК „Браќа Манаки“ посочуваат дека кинематограферот Роџер Дикинс е во Битола во годината кога тој конечно стана заслужен освојувач на Оскарот за креацијата во филмот „Истребувач 2049“.
Паралелно на фестивалските сцени во Битола ќе бидат емитувани филмови во повеќе конкуренции и фестивалски програми.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
