ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата

Ситуацијата на Хаити е „катаклизмична“ со 1.554 смртни случаи во првите три месеци од годинава, предупредија денеска Обединети нации, укажувајќи дека „порозните граници“ го олеснуваат снабдувањето со оружје и муниција на бунтовниците кои, борат за уривање на власта.
На Хаити неколку вооружени групи се борат да ја соборат Владата на премиерот Ариел Анри, кој прифати да поднесе оставка во егзил на 11 март. Идниот претседателски совет, кој треба да ја преземе власта, вчера вети дека ќе го врати редот и демократијата.
Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк во извештајот напиша дека корупцијата, неказнивоста и лошото владеење го поткопале владеењето на правото на Хаити и ги довеле државните институции на работ на колапс.
Тој наведе дека бројот на убиени и повредени во борби, грабежи и продолжено насилство е значително зголемен од 2023 година, кога биле регистрирани 4.451 убиен и 1.668 повредени. Во првите три месеци од годинава загинале 1.554, а повредени 826.
Паралелно со засилувањето на насилството на бандите и слабеењето на полицијата, се појавија „бригади за самоодбрана“ кои „делат правда“.Во 2023 година имало најмалку 528 случаи на линч, а годинава 59.
Некои убиства беа спонтани, додека други беа поттикнати, поддржани или олеснети од полицајци и членови на антивладината борбена коалиција Г9 и нејзините сојузници, се наведува во извештајот.
Ново на Сител
-

Ставен во употреба новиот АТМ систем на меѓународниот аеродром Скопје
-

Пецаков: Ова лето застапеност на туристи кои ретко доаѓале во Охрид
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
