На грчки брод откриени неколку тони кокаин

Најмалку пет лица се уапсени на грчки брод додека пловел во Атлантскиот океан, во сопственост на познат грчки наркобос, а откриена е поголемо количество кокаин што може да достигне и до над пет тони.
Полициската истрага е во тек и засега не постојат официјални информации, но според медиумите акцијата била спроведена од Секторот за борба против дрога на грчката полиција и во соработка Американската агенција за борба против дрога (ДЕА).
Бродот тргнал од Грција за Латинска Америка, каде што била преземена дрогата и се вратил кон Европа, бил откриен во близина на Атлантскиот Океан и според медиумите веќе два дена со помош на француската морнарица се извлекува кон францускиот брег.
Уапсени се пет лица на неколку локации во Грција, а меѓу уапсените, според првичните информации е и познат грчки наркобос.
Дополнително, уапсени биле и членовите на екипажот.
Првичните неофицијални информации во Грција утрово беа дека бил запленет над еден тон кокаин, но во тек било мерењето и количината може да достигне до пет или повеќе тони.
МИА
Ново на Сител
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
-

Ристоска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда
-

Стопирањето со БСЖ вакцината ги зголеми загриженоста и одговорите што ги бараат родителите
-

Преглед на вестите од светот
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
