Македонија
28. August 2015 - 17:17

На Галичица откриени две нови пештери - Можност за равој на спелеолошкиот туризам

Откриени нови пештери на планината Галичица, ,едната од нив се наоѓа во близина на пропаста Рблок во Елшани два километри во планината а другата Роденденска пештера во околината на Трпејца . Спелеолозите сметаат дека со одбележување на патеките со кои ќе се обезбедат локалитетите и нивно осветлување ќе се оспособат многубројните пештери за развој на овој вид туризам кој е доста атрактивен и интересен како за домашните така и за странските посетители.

Моментално една од најпосетуваните пештери на Галичица е Саматска дупка каде посетата на нејзината внатрешност е можна само со водич од паркот надлежните сметаат дека со мапирање на пештерите ќе се развива спелеолошкиот туризам.

На првиот спелеолошки камп Галичица 2015 во организација на Златоврв од Прилеп и Ботом тиме од Охрид беа истражени дел од пештерите кои беа откриени во 60тите и 70тите години регистрирани биле две нови дувала, а започна и истражувањето на изворот Тушима.