На Фејсбук му напишал дека „нема да умре од болест или старост“, затвор за мажот кој му се закануваше на Јанчев
Казна затвор доби кавадарчанецот З.Б., кој ја загрозил сигурноста на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, потврдија за МИА од Основниот суд во Кавадарци.
-Основен суд Кавадарци известува дека денеска, 22.09.2022 година, по одржаната главна јавна и усна расправа по Кривичниот предмет К.бр.191/22 кон обвинетиот З.Б. од Кавадарци за кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од КЗ, судот донесе пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен и му изрече казна затвор во траење од 8 месеци, се вели во известувањето.
Основното јавно обвинителство Кавадарци претходно оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 4 од Кривичниoт законик. Лицето, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатило закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци дека „нема да умре од болест или старост“.
Според обвинителството, осомниченото лице претходно било осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото семејство. Обвинителството на 22 август соопшти дека по предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определил мерка куќен притвор во траење од осум дена на оосомничениот.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи