Македонија
4. July 2022 - 16:48

На доставувач му платил со фалсификувани 100 евра, кривична за стружанец

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Н.(27) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

- Тој вчера при прием на пратка преку доставувач, извршил исплата со банкнота од 100 евра. Подоцна, кога доставувачот сакал да ја размени банкнотата во менувачница, му било кажано дека парите кои биле пуштени во оптек се лажни, информира МВР.