На Деве Баир запленети 4 килограми марихуана

На граничниот премин Деве Баир царинските инспектори од Одделението за оперативни работи спречија обид за шверц на 4 килограми марихуанa.
На 7 овој месец, околу 20:00 часот на излез од Македонија на граничниот премин Деве Баир пристигнал автомобил со бугарски регистарски ознаки управуван од лицето З.Ј. (53) косовски државјани. При прегледот на возилото, од долната страна во пределот на резервоарот за гориво, царинските инспектори забележале дека нешто е преправано.

При контрола на внатрешноста на резервоарот, покрај горивото биле пронајдени и 20 вакумирани проѕирни кеси наполнети со наркотична дрога марихуана, со тежина од 4 килограми. Во разговор со осомничениот, утврдено е дека со патничкото возило со бугарски регистарски ознаки, кое не е негова сопственост, се упатил од Бугарија преку Косово кон Албанија каде била натоварена дрогата, со намера да ја пренесе во Истанбул - Турција.

Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното јавно обвинителство .
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
