На дете на кое никој не му дојде на роденден му се оствари најголемата желба
Шестгодишниот Теди овој роденден ќе го памети засекогаш. Откако на роденденот повикал 32 другарчиња, а никој не се појавил, низ медиумите и социјалните мрежи се појави фотографија на која тој сам седи на столче во локална пицерија.
Неговата мајка Сил добила информација од некој родител дека неговото дете не може да дојде, но не ни помислила дека никој нема да се појави.
Теди набрзо примил роденденски честитки од целиот свет, а му се остварила и најголемата желба да присуствува на кошаркарски натпревар.
Клубот Феникс Санс одлучил Теди да го награди со влезница за натпреварот против Лос Анџелес Лејкерс.
Теди добил дрес и имал чест да се запознае со играчите а неговото место на натпреварот било на самиот терен веднаш до играчите.
"Ви благодарам на сите за роденденските честитки. Голем бакнеж", порачал Теди.
Ново на Сител
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени
-
Усвоен планот за раст на Западен Балкан тежок 6 милијарди евра
-
Преглед на вестите од светот
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица