Македонија
9. December 2015 - 13:48

На денот на Нова Година сонце и 10 степени

Снег оваа година, а најверојатно и оваа зима ќе може да видиме само на планините. Долгорочните прогнози велат дека по студениот период кој не очекува кон крајот на оваа и целата наредна недела, следи зголемување на температурите. 

Кон крајот на неделава, во некои места во Македонија ќе имаме температури од 10 степени по нулата а в главниот град минималните температури ќе се спуштат до минус 7. 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната недела, а во последната седмица од годинава ќе следи раст на температурите. Минималните нема да се спуштат под нула, а максималните ќе надминат 11 степени во Скопје а во појужните делови и до 15 степени.