Фудбал
29. May 2018 - 17:12

На денешен ден Звезда ја освои европската титула

Пред точно 27 години екипата на Црвена Звезда триумфираше во тогашниот Куп на Европските Шампиони откако во Бари на стадионот „Свети Никола“ го совлада Олимпик Марсеј на пенали со 5-3. 

Во регуларниот дел немаше голови па се играа продолжетоци.  Откако повторно мрежите мируваа се шутираа пенали а серијата ја запечати македонскиот интернационалец Дарко Панчев што ја донесе првата европска титула за белградскиот тим. 
Во Црвена Звезда настапи и Илија Најдоски кој подоцна го подигна пехарот за светски првак во Токио. 
https://