На бројот 195 да се пријавуваат само потреби од проценка на безбедност на објектот, а не за проценка на штета за обештетување
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелираат на бројот 195 да се пријавуваат само потреби од проценка на безбедност на објектот, а не за проценка на штета за обештетување.
Бројот 195 е во функција на граѓаните за да се пријават потреба од проценка на безбедност на објектот, негова функционалност, како и дали е истиот безбеден за престој.
ЦУК исто така апелира до граѓаните кои не можат да добијат слободна линија на бесплатниот телефонски број за итни повици 195 да испратат податоци (име, презиме, телефонски број за контакт, точна адреса и краток опис на штетата предизвикана од земјотресот) на mail@cuk.gov.mk.
Екипи од Институтот за инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) заедно со претставници од скопските општини, денеска и во наредните денови ќе направат увид во станбените згради и во останатите објекти за домување каде што се пријавени штети, соопшти Одделението за односи со јавност и протокол на Центарот за управување со кризи.
Ново на Сител
-

ДЗР: Скринингот не е ефикасен - многу пациентки доцна дознаваат дека имаат рак
-

Забранета водата за пиење во осум охридски села
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп

