На барање на Турција блокиран профилот на уапсениот градоначалник на Истанбул на мрежата Икс
Пристапот до профилот на социјалната мрежа Икс на затворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, е блокиран во Турција, објави денеска платформата за следење на цензурата на интернет, што е најнов потег против клучниот ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Како што објави Еј-Би-Си Њуз, според Engelli Web, веб-страница на интернет која следи и известува за цензурата на интернет во Турција, Икс го ограничи профилот на Имамоглу во Турција во согласност со законско барање од турските власти, кои се повикале на загриженост за националната безбедност и јавниот ред.
Икс сè уште не дал официјално соопштение, но на платформата стои известување дека профилот – кој има 9,7 милиони следбеници – „е ограничен во Турција како одговор на правно барање“. Профилот е и натаму достапен надвор од Турција.
Имамоглу, кој се смета за главен опозициски предизвикувач на 22-годишното владеење на Ердоган, беше уапсен на 19 март и затворен по обвиненија за корупција.
Тој беше номиниран за претседателски кандидат на неговата Републиканска народна партија додека беше во притвор.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер