Македонија
31. August 2019 - 9:02

На автопатот Куманово – Табановце во возило пронајдени мигранти од Ирак и Пакистан

Осум мигранти, двајца од Ирак и шест од Пакистан, се пронајдени во патничко возило со скопски регистарски ознаки на автопатот Куманово – Табановце, кај клучката за село Костурник.

Како што соопшти полицијата, случајот вчера во СВР Куманово го пријавила мобилна екипа на Царинската управа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.