На американските аеродроми над три милиони патници во пресрет на Денот на благодарноста
Американската администрација за безбедност во сообраќајот минатиот викенд прегледа повеќе од три милиони патници во воздушниот сообраќај во пресрет на Денот на благодарноста, кој беше најпрометниот викенд по средината на март, а многу патници го игнорираа повикот на Центрите за контрола на болести да не патуваат. Сепак, бројот на патници покажува пад од 60 проценти во споредба со истиот период минатата година
Центрите кон крајот на минатата недела ги повикаа Американците да не патуваат за време на продолжениот празничен викенд за да се избегне ширење на пандемијата на коронавирусот, која е на својот врв во најголемиот дел на САД.
Американските авиокомпании минатата недела објавија дека забележале зголемување на откажувањата и побавна резервација поради зголемувањето на бројот на случаи на Ковид-19, но сепак очекуваат ноември да биде подобар за резервациите од септември и октомври.
Во неделата, Управата за безбедност во сообраќајот прегледа нешто повеќе од милион патници, што е најголем број регистрирани за еден ден од средината на март, во саботата беше близу до таа бројка и нешто повеќе од еден милион во петокот. Тоа се трите дена кога е забележан најголем број патници од 16 март.
Официјални лица, исто така, соопштија дека побарувачката во железничкиот сообраќај за периодот околу Денот на благодарноста се зголеми малку во однос на претходните неколку дена, достигнувајќи 20 проценти од побарувачката од минатата година, оценувајќи дека тоа е во согласност со препораките на Центарот за контрола и превенција на болести.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата