На аеродромот во Атина запленети над 1,6 милиони парчиња цигари

Вкупно 1.680.000 парчиња цигари, односно 8.400 штеки, за кои не биле платени царини и даноци во вредност од над 340 илјади евра, содржела пратката од Дубаи откриена на атинскиот аеродромот „Елефтериос Венизелос“, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) соопштија дека станува збор за една од најголемите количини цигари без царина и даноци, што некогаш биле откриени во земјата, а во тек е прелиминарна истрага за да се идентификува примачот на пратката.
- Во рамките на насочените контроли, во магацин за привремено складирање, инспекторите откриле 169 картонски кутии, кои пристигнале од Дубаи. При физичката проверка било утврдено дека содржат 8.400 штеки цигари, односно вкупно 1.680.000 парчиња, за кои не биле платени предвидените царини и даноци, соопштија од ААДЕ.
Додадоа дека вкупниот износ на избегнатите царини и даноци изнесува 341.342,26 евра.
МИА
Ново на Сител
-

Најмалку двајца загинати при уривањето на зграда во Либан
-

Бугарската полиција истражува смрт на шест лица, се сомнева на ритуални убиства
-

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност
-

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност
-

По одлуката на Уставниот суд за Балуку, Рама најави продолжување на битката
-

27-годишник возел „порше“ без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
